
Опозицијата тврди дека со одлуката на Советот на јавни обвинители да се преполови тимот на Катица Јанева прекршени се договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија и Законот за специјално јавно обвинителство. Во меѓувреме европскиот посредник во преговорите меѓу партиските работни групи Питер Ванхауте изјави дека бил постигнат договор за Изборниот законик. Тој исто така изјави дека една партија, без да прецизира за која станува збор, ги напуштила преговорите поради непочитување на Законот за специјален обвинител.
OhridNews
Извор:„Радио Слободна Европа“











