Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дојде на судење за случајот наречен „Поткуп“, но поради тоа што ниту еден од неговите бранители не се појавија, судењето се одложи за втори следниот месец. Двајца од адвокатите своето отсуство го оправдаа со болест, а за адвокатот Ване Андреев самиот Заев потврди дека е на пат кон Скопје, но дека од објективни причини не ќе може на време да пристигне на време.

Судијката Диана Груевска-Илиевска, како претседател на Судечкиот совет, ги прифати оправдувањата, но наредното рочиште го закажа за втори следниот месец.
„Го замолувам судот, со оглед на тоа што јас сум политичар, а јас сум во изборна кампања, доколку е можно судењето да го презакаже после изборите. Немам ништо против судењето да се одржи и на 12. декември. На втори декември сум во Дојран, Валандово, Богданци, а во вечерните часови во Охрид и во Струга“, инфомрираше Зоран Заев, но судот остана на веќе донесена одлука судењето да продолжи на втори, а беше даден уште еден, дополнителен термин.

На вчерашното судско рочиште се појави и сведокот Иван Николов. Станува збор за лице кое што тајно го снимаше Зоран Заев во неговиот кабинет, а врз основа на неговата снимка тој беше обвинет за примање на поткуп од 154.000 евра. Заев, наводно, за оваа сума требало да издејствува приватизација на градежно земјиште со површина од 100.000 квадратни метри.

Случајот „Поткуп“, на партиски собир, во март минатата година, го обелодени самиот Заев кој рече дека требало да биде наместен за работа за која како градоначалник и не можел да ја изврши. Тој кажа дека обидот за поткуп го документирал заедно со вработени во Општина Струмица и дека го пријавил во полиција.

OhridNews
извор Макфакс