Европската Комисија(ЕК) да го искористи грчкото претседателство за подиректно да се вклучи во решавање на долгогодишниот проблем со името, изјави во вторник претседателот на СДСМ Зоран Заев, по средбата со еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Брисел, пренесува „Макфакс“.

„Нотиравме неколку идеи како тоа би можело да се случи, за секако да конвергираме до конечната цел, да се најде решение. Но, секако очекуваме дека она коешто зависи од Република Македонија, пред сè од нас како политички партии од власта, секако и од опозицијата, ќе биде решено и надминато“, рече Заев.

Тој додаде дека освен за прашањето за името, се разговарало и за внатрешните реформи во Република Македонија.

„Пред сè јасно нагласивме дека очекуваме јасно да се постигне договор со власта, во делот на разграничување на партијата од државата, што го има како препорака во Извештајот на Европската комисија, како и сите други регулативи, коишто изборното законодавство мора да ги предвиди. Истовремено зборувавме за слободата на медиумите и она што е исто така препорака во делот на внатрешните реформи на Република Македонија“, рече Заев.

OhridNews
извор:„Макфакс“