
СДСМ потоа презентираше неколку разговори, кои според Заве, го отворија во јавноста еден од најкрупните корупциски скандали со кинеската инветстиција за автопатите Штип – Миладиновци и Кичево – Охрид.
„Договараат провизија од 5% или 15-18 милони евра само од автопатот Кичево – Охрид, а од двата над 20 милиони вера“, рече лидерот на СДСМ.
Заев истана дека ка крај ова заврши со закон верификуван во Собранието на 25 октомври 2013 година.
„Каков глкумец ја води државата цели девет години. Никола Груевски покажа на сите кое е неговото вистинско лице. Затоа е исплашен од себе и од народот. Никола Груевски имаш шанса сам да заминеш и ја ослободиш Македонија од маките“, порача Заев. И на кра им се обрати на подржувачи на ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека е јасно каков човек ја води државата уште пред СДСМ да започне со објавувањето на „Вистината за Македонија“.
OhridNews
извор Телма












