Со одлуката да не го додели мандатот, претседателот Ѓорѓе Иванов ја погази волјата на мнозинството граѓани на државата и изврши државен удар, изјави во обраќање до јавноста лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Тој побара Иванов да ја повлече, како што рече, срамната одлука и да му го додели мандат за составување на влада.

На новинарско прашање што понатаму, Заев истакна дека решение и за оваа ситуација има, но нема да прејудицира ништо. Заев упати апел до граѓаните да останат смирени и да не дозволат ескалација на ситуацијата, додавајќи дека СДСМ нема да дозволи да бидат загрозени интересите на Република Македонија.

OhridNews