Според претседателот на СДСМ, Зоран Заев, изборите треба да се одржат во јуни бидејќи, како што рече, наесен се очекува нов бран на пандемијата на коронавирусот. Потребата од избори Заев ја поткрепи со тоа што земјата веќе три месеци нема парламент и политичка влада.

Сакаме да имаме договор избори да има на 21 јуни, но ако немаме, останува да се почитуваат Уставот и законите во државата, рече Заев на денешната прес-конференција во седиштето на партијата.

Заев додаде дека не може да има бојкот на изборите, туку дека прашање е дали некој ќе ја бојкотира кампањата.

На вчерашната втора лидерска средба на политичките партии и претседателот Стево Пендаровски повторно не беше постигната согласност околу датумот за избори. ВМРО-ДПМНЕ бараа тие да се одржат кон крајот на август или почетокот на септември, поради состојбата со коронавирусот.

OhridNews