
-Груевски наложил промена на ДУП во општина Центар. Тој ги иницираше и протестите пред општината, наводно за изградба на црква, но намерите биле сосема други. Кога веќе на сила ги собра членството и администрацијата, треба да одговори зошто зборува во шифри ако не се прислушува во државата. Чесен човек ќе признаеше дека тој и бтратучед му Мијалков прислушуваат. – рече Заев.
Зад плановите за присвојувањето на атрактивното земјиште во општината Центар стоеле офшор компании со седиште во Белизе, рече Заев.
-Чесен човек ќе признаеше дека имал линкови со фирми од Белизе и Лугано, се возел со комбе низ населби за да гледа имоти, дели парцели, крева потпорни ѕидови на парцели за да не ги гледа никој.-додаде Заев.
Според него постои само еден излез од политичката криза.
-Груевски криеше имоти како што ги криеше четирите стана. Но се е јасно готово е. Само оставки и формирање техничка влада е излез од ситуацијата во која се наоѓа Македонија. – рече Заев.
Тој најави дека опозцијата и понатаму ќе продолжи со проектот „Вистината за Македонија“ и ќе објавува аудио снимки од прислушкувани телефонски разговори, како и дека никој од политичките субјекти кои вршеле криминал нема да биде поштеден.
OhridNews












