Владата треба да изнајде начин како да се одблокира сметката на општина Охрид, и какво и да е решение што ќе го оди во таа насока, СДСМ ќе го прифати. Ова денеска на прес-конференција во Охрид го изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Лидерот на СДСМ истакна дека сметката на општина Охрид е блокирана повеќе од 10 години без било какви реални измени.

Претседателот на СДСМ и секретарот на партијата Оливер Спасовски, заедно со локалното раководство денес ќе оствари повеќе средби со граѓани на кои ќе биде претставена програмата на СДСМ за враќање на средната класа. Партијата денес во Охрид објави три мерки поврзани со децентрализацијата на власта. Првата мерка се однесува на центрите за социјални работи, втората на децентрализација на примарната здравствена заштита, а третата предвидува децентрализација на Секторот за јавен ред и мир од МВР кон општините.
„Ова се само три од дваесеттината мерки за децентрализација на власта од програмата на СДСМ за кои во иднина ќе дискутираме и дебатираме.“ – истакна Заев.
OhridNews













