Денес, по консултации со членовите во Државната изборна комисија, поставени на предлог на СДСМ, партијата ќе одлучи дали ќе ги повлече, со што би се опструирала работата на оваа државна институција, откако синоќа на прес-конференција лидерот Зоран Заев, објави дека тие нема да учествуваат на како што рече, лажни избори на 5 јуни.
„Утре (четврток) имаме состанок со нив уште еднаш да ги видиме сите аргументи и факти. Ние ја следевме јавната седница. Знам дека понатаму продолжуваат контактите, комуникациите и слично. Ќе ги видиме сите факти и аргументи кои се на располагање и секако една од поизвесните одлуки е нивно повлекување, но штом ќе ја донесеме одлуката веднаш ќе ве информираме“, рече синоќа Заев. Појасни дека максималните рокови по сите теоретски можности вклучувајќи и одлука на (претседателот на Собранието) Трајко Вељаноски да го одложи согласно закон, распишувањето на изборите, тоа е 15 април, според Изборниот законик, сите податоци институциите се должни да ги достават до ДИК во форма на конечен Избирачки список што значи до 16-ти април.
„ДИК работи. Секако ние ќе ги консултираме ДИК во делот на намерата и интенцијата на нашите членови и утре (четвротк) ќе ја донесеме одлуката. Но, сето тоа што го знаеме како следуваат процесите, како тоа може да биде завршено во соодветен рок согласно соработка на институциите, согласно тоа што МВР треба да го достави и да се оди дополнително на терен, согласно одлуката на сите тие што не се најдени на дома, а ДИК мора да одлучи кој дополнително ќе ги провери, кој ќе ги избрише, кој ќе ги распореди со астерикс и ѕвездичка како дијаспора како избирачи. Согласно одлуката за 124.000 избирачи коишто треба да се проверат затоа што се констатирани за сомнителни, и согласно можноста има или нема алатка, да се бришат сите коишто по закон не треба да бидат во избирачкиот список“, рече Заев.
Според него, не може политичката волја да се наметне врз аргументите и фактите кои кажуваат дека и максималните рокови да се искористат до 16-ти нема проверка и чист избирачки список, тоа е последниот датум за проверка на избирачкиот список.
„И треба на ДИК независната државна институција којашто заедно ја избравме да си го доработи својот дел, тие одлучија да го распуштат Парламентот. Бевме принудени да ги поднесеме своите оставки, поборници остануваме до крајот на принципите за коишто се залагаме, заради тоа што не може Фросина Ременски и Оливер Спасовки и тројцата дополнителни заменци –министри да останат заложници внатре, на едноумието коешто сака Никола Груевски да го наметне. Ако избравме независни институции треба да им дадеме фер шанса да ја завршат својата работа“, рече Заев.
Лидерот на СДСМ сепак не ја исклучува можноста да излезат на избори, ако се создадат фер, демократски услови за регуларни избори.
На новинарско прашање дали очекува Катица Јанева да биде укината од Уставниот суд, тој вели дека сето она што го прејудицира јавноста, можно е во Македонија.
OhridNews
извор Макфакс