На само неколку дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на кандидатурите за нов претседател, се разгорува внатрепартиската битка во СДСМ. Медиумите повикувајќи се на партиски извори отворено шпекулираат за исходот на мајскиот конгрес на кој треба да биде избран наследникот на Бранко Црвенковски.

Деновиве одредени медиуми пренесоа наводно ексклузивни информaции дека струмичкиот градоначалник Зоран Заев се повлекува од трката за лидер н СДСМ. Ова пак, според други медиуми, претставува дел од добро смислено сценарио бидејќи, наводно, токму Заев имал најголеми шанси да застане на чело на СДСМ.

Покрај Заев зад чија кандидатура застана поранешниот претседател на СДСМ Радмила Шеќеринска, во трка за наследник на Црвенковски уште се и потпретседателот Зоран Јовановски, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Игор Ивановски, поранешниот разузнавач Кире Наумов и пратеничката Тања Томиќ.

OhridNews