Мора да има одговорност и за извршителите на насилното крваво сценарио во Парламентот, но и за нарачателите, вели претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервју за Дојче Веле.

– По она барање за амнестија од организатори и мотиватори на протестите, но и по вчерашната реакција на ВМРО-ДПМНЕ со оправдување на насилствата, јасно е кои се нарачателите – Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Иванов, Вељаноски, Чавков. Јасно е, станува збор за организирано насилство со лица од институции на системот и ова е уште еден доказ дека на Македонија итно ѝ се потребни промени. И промени ќе има. Секој кој сторил дела против граѓаните и државата, ќе мора да се соочи со правдата, вели Заев.

Тој додава дека во соработка со стручната јавност и со граѓаните ќе се обезбеди професионален, праведен и независен правосуден систем, а ќе се ослободат и институциите да работат независно, во интерес на граѓаните.

OhridNews