Претседателот на Владата Зоран Заев, во Собранието на Република Северна Македонија, во репликите до пратеници на седницата за реконструкција на владата, најави повеќе економски мерки во претстојниот период. Првата е замрзнување на придонесите во државата за сите работници, супституција од 90 проценти за секое покачување на платите во делот на придонесите.

Што значи тоа? Голем дел од граѓаните земаат 20.000 денари нето плата, уште 6.000 или 9.000 денари добиваат во кеш – зошто го прават тоа газдите? За да не платат придонеси. И тие си плаќаат персонален данок, си плаќаат данок на добивка и даваат кеш во плата на работниците. Во таков случај, ќе преземам чекор, ќе ги супституирам придонесите, 90 проценти, само во еден случај, да биде стабилизиран Пензискиот фонд. Да ги покачиме пензиите 1.000 денари на пример, таков чекор треба да се направи. – рече Заев.

Премиерот најави дека ограничување на ослободувањата од сите давачки за сите мали претпријатија коишто имаат три милиони денари вкупен промет.

И такви чекори ќе преземеме, па ќе видиме дали ќе банкротираме или нема да банкротираме, времето ќе покаже – но сте исплашени од мерките што можат да бидат преземени како храбри чекори што ќе ги преземеме. – истакна Заев.

Тој е убеден дека просечната плата од 500 евра е достижна, а најави и нови значителни зголемувања на платите во здравството.

OhridNews