Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска, денеска се сретна амбасадорката на Германија во Македонија, Кристине Д.Алтхаузер, со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија, Чарлс Гарет, амбасадорот на Кралството Шведска, Матс Стафансон и со амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп.

На средбата се разговарало околу случувањата по одржаните избори на 11 декември.

– Имавме кредибилни избори, на коишто мнозинството граѓани го поддржаа концептот на едно општество, развој на Македонија и квалитетен живот. Преточено во пратенички мандати, тоа се 67 мандати со коишто е обезбедено парламентарното мнозинство и се создаден услови за разговори за формирање на новата Влада. Ѓорге Иванов предизвикува уставна криза и остава простор на Никола Груевски за провокации и насилство со цел да спречи мирен трансфер на власта што ја изгуби. Неопходно е Иванов веднаш да го даде мандатот за формирање нова Влада во Македонија, во интерес на граѓаните и на државата, изјавил Заев на средбата.

OhridNews