Било какво насилство нема да се толерира, исто така и дивоградбите,изјави премиерот Зоран Заев по најновиот инцидент во кој е вмешан членот на советот на град Охрид од редовите на ДУИ Нефи Усеини, кого возрасен професор го пријави за физички напад, кој се случил вчера, а полицијата најави соодветна пријава.
Предрасуди и резерви нема да имаме кон никого. Не е крај доколку падне и мнознството во советот во Охрид, затоа што имаме совети каде СДСМ нема контрола, а општините функционираат успешно, изјави премиерот Заев. Претставниците на владејачките партии треба да се пример за сите, додаде тој.
Се огласи и коалицискиот партнер на СДСМ, ДУИ. Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи изјави дека најважно од се е да има неселективен пристап во уривањето на дивоградбите во Охрид и дека ДУИ ќе подржи прва да се урне дивоградбата на нивниот член и советник во Охрид.
OhridNews












