Ова се победничките листи на 11 декември на СДСМ и партнерите, со граѓаните, истакна лидерот на опозциската СДСМ Зоран Заев во своето обраќање на 21 конгрес што се одржува во Скопје, на кој партијата ги објави пратеничките листи за претстојните вонредни парламентарни избори. 

-Донесовме заедно одлука за Сојуз со граѓаните само пред еден месец и еве денеска сум тука, повторно пред вас, заедно да и покажеме на домашната јавност, но и на пошироката јавност, којашто има што да учи од нас – успеавме! Денеска сме овде со нашите кандидатски листи. Во име на раководството на СДСМ и во име на граѓаните на Македонија, денеска од вас ја барам поддршката: сојузот на СДСМ и коалициските партнери – со граѓаните, да излезе заедно на изборите на 11 декември и заедно да ја донесеме историската победа на граѓанска Македонија. Покажуваме дека сме единствени, докажуваме дека сме искрени во определеноста за коренити, за суштински промени во нашата држава. За живот во Македонија. Цела јавност нека слушне и нека види: Ова се пратенички листи на СДСМ и коалициските партнери, и на граѓаните на Република Македонија! Ова се победничките листи на 11 декември! –  рече Заев. 

Претседателот на СДСМ истакна дена е незапаметено во политичката пракса во Македонија, во регионот и пошироко, една партија широко ги отвори своите врати и ја отвори душата на граѓаните.

-Знаете ли зошто успеавме? Затоа што израснавме. Затоа што созреваме. Затоа што прифативме, ти, јас, таа до тебе, тој позади тебе, тоа пред тебе – тоа сме сите ние, граѓаните! Со истата потреба да подадеме рака и истата потреба да ни биде подадена рака. Затоа што граѓаните го препознаа својот партнер, исто како што и ние го препознавме нашиот партнер – граѓаните. Така се гради солидарно општетство. Така се гради држава на еднакви граѓани.Стоиме на зборот, секој е важен. Затоа, овие пратенички листи отвораат место за сите. Во нив не има од различни региони, од градови и села, од различни професии, од различни етнички заедници, од секаде, од секоја пора на општеството во коешто живееме. Но со нив, со нив нè има сите, во Македонија. – додаде Заев. 

Тој смета дека е создадена шанса да се формира блескав Парламент во кој народот ќе има власт.Тој Парламент ќе избере чесна и одговорна Влада на народот, порача Заев, кој побара поддршка за кандидадтските листи од сите делегати.

OhridNews

Незадоволство и оставки во СДСМ по објавувањето на пратеничките листи