Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ме извини ЛГБТ заедницата еден „педер“ да ја симнат оваа Влада од власт. Не, ќе се бориме до крај.

Зоран Заев – Премиер на Влада

Изјавата на премиерот Зоран Заев, во првото појавување пред медиумите по одморот, која се однесува на случајот „Рекет“, предизвика лавина реакции во јавноста. Тој подоцна на Твитер се дообјасни, посочувајќи дека зборот „педер“ го употребил во друг контекст.

Реагираше новинарот Бранко Геровски, кој го сврте вниманието на јавноста кон себе по обелоденувањето на детали за случајот „Рекет“. Тој рече дека во овој момент се чувствува небезбеден.

Драги пријатели, вечерашната срамна и заканувачка изјава на премиерот Зоран Заев ме шокираше. Во неа, покрај извесен „педер“ (тоа се негов зборови), се спомнува и „еден суетен новинар“. Таа изјава на социјалните мрежи веќе покрена бран од вербална агресија кон мене. Во овој момент, се чувствувам загрозен и небезбеден, а загрижено е и моето семејство. Поради тоа, ве замолувам, во рамките на вашите можности, да ги известите претставниците на меѓународната заедница за ова што се случува.– напиша новинарот Бранко Геровски на Фејсбук.

OhridNews