Претседателот на СДСМ Зоран Заев на граѓанска трибина во Велес истакна дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, дека опозициската партија нема никаква понуда, а продава лажен патриотизам.

  • Ги знаеме кои се, им понудивме заедно да водиме кога требаше крупните прашања да се решваа. Но не, избегаа, немаа храброст, квази патриотите. Понудив заедно да одработиме за реформите, заедно да одработиме за економијата. Не. И тоа одбија. Затоа што ако влезат заедно ќе се види сета лажна слика на нивниот квази патриотизам. Бегаат и до ден денеска. Знаеме и кои се и какви се и нема да им довозлиме да не вратат назад, затоа што се работи за нашата држава и нашата иднина, рече Заев.

Додаде дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува и дека не може да понуди никаква обнова, како што рече Заев, затоа немаат поддршка одраѓаните.

OhridNews