
-Тоа значи мегдан од десет месеци. Граѓаните да те анализираат од сите аспекти. Да во овој случај имаат позната личност, но во некои општини ќе има прв пат кандидати. Тоа значи навистина да се запознаат со луѓето, кои што бараат поддршка од нив и кои што треба да ги водат во периодот којшто претстои. Самите вакви можности коишто се нудат десет месеци пред избори ќе ги доведе на чисто, на јасно граѓаните давајќи ја својата поддршка да биде вистинска подрршка, тоа во што вистински веруваат, изјави Заев за „Телма“.
Тој најави дека до крајот на јули СДСМ ќе ги објави имињата на кандидати за градоначалници во осум поголеми градови во државата, а до крајот на годината и за сите општини во Македонија. Слично како Заев и актуелниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески, владее два мандати. Дали и тој ќе тргне по стапките на струмичкиот колега, ќе се знае наскоро.












