Премиерот Зоран Заев денеска ја презеде функцијата од техничкиот вршител Емил Димитриев.

 

Во првата изјава како премиер тој најави дека ќе го испони ветувањето и ќе биде отстранета оградата околу Владата. Тој истакна дека со барањата јавно на оставка на јавниот обвинител Марко Зврлевски, за него почнале реформите во правосудството кои, како што рече, ќе бида приоритет.

-Паралелно со реформите ќе работиме со комплетен приоритет на унапредување на економскиот квалитет на животот на граѓаните. Јас верувам дека во Македонија може економски многу поубаво, многу посреќно и побериќетно и перспективно да се живее. Ќе работиме со полна пареа во тој правец за да на крајот како што рековме овозможиме живот во Македонија за сите. – рече Зеев.

Тој најави проверка на просториите во владата од прислушни апарати, а следи проверка на државната каса.

-Буџетот е стабилен, состојбата не е блескава, но не е ни драматична. – рече Заев.

Заев истакна дека ќе живее во премиерската резиденција на Водно.

OhridNews