Лидерот на СДСМ Зран Заев денескаизјави дека е оптимист оти нова влада би можела да се состави многу брзо.

– Се зависи од претходните процеси. Првиот претходен процес е веројатно писмото кое ќе биде евидентирано во архивите на господинот Иванов. Јас од Оливер Спасовски кој ја координираше нашата пратеничка група и комуницира со претседателот на Собранието, сум информиран дека вчера од архивата било излезено писмото, не знам дали денес е примено во архивата на господинот Иванов. Ако е примено, веројатно од тој момент почнуваат да течат десетте дена. Уште еднаш сакам, еве и преку вас медиумите, покрај решавањето на првата причина, правниот аспект со десетте дена, јас сум подготвен да го посетам господинот Иванов, ќе разговарам и со лидерите на коалициските партнери ако сакаат да ме придружуваат и заедно уште еднаш да отидеме да ја гарантираме унитарноста, уставноста, мултиетничноста, перспективите на државата во НАТО и ЕУ и сето она кое евентуално претставува загриженост кај господинот Иванов, а се во функција час поскоро да го додели мандатот, а исто така од наша страна час поскоро да излеземе пред парламентот со предлог за новиот владин кабинет.-рече Заев.

Запрашан кога ќе биде новата Влада, Заев истакна дека постои можност до крајот на месецов да биде избрана Владата, согласно роковите, но дека тоа зависи не само од одлуката на Иванов да го даде мандатот, туку веројатно и од техничката можност на Собранието, дали таму се е функционално во системите, од можноста пратениците да работат како што треба, но верувам дека се стигнува.

-Не заради нас како луѓе кои ќе го добијат мандатот, туку заради граѓаните, треба да направиме ден побрзо колку што е тоа можно да се избере нова Влада бидејќи од тоа зависи нормализацијата на институциите на Република Македонија.-рече Заев.

Одговарајќи на новинарско прашања како ги коментирате реакциите кои се појавија во јавноста со фотографиите од претседателкиот кабинет којшто покрај македонското и европското знаме го ставил и албанското знаме, Заев рече дека сака да се почитуваат законите и Уставот на Р.Македонија.

-Секој треба да си има и политичка и секако и законска одговорност за оваа работа. Законите во Македонија се јасни, тие треба да се почитуваат. Ако се случила одредена грешка тој што ја направил се надевам дека ќе ја поправи грешката. Секако она што во Македонија мора да биде јасно, законот мора да важи. Знаете како, кога разговарав за стартните позиции на СДСМ по добивањето на потписите се разговараше и за делот на унапредувањето на законот за употреба на јазиците на помалите етнички заедници. Меѓудругото законот мора да важи и во заштитата на македонскиот јазик, но и на заштита и на албанскиот јазик, на ромскиот јазик, таму кадешто е определено согласно закон. Законот мора да важи за сите и треба сите наши политички предрасуди, сите наши политички очекувања, не знам какви ли не, стратегии и окупации да ги ставиме од секундарно или терцијарно значење да бидат. Мора да ја испратиме конечно пораката дека Уставот и законот не може повеќе да се газат во Македонија и притоа тоа да се покажува како патриотски чин без разлика дали се тоа Македонците, Албанците, Ромите, Турците, Србите и сл. Ние сме мултиетничка земја, таква ќе останеме и мора да водиме грижа сите за неа.-истакна Заев.

OhridNews