Заев е убеден дека нападот во парламентот бил добро подготвен, организиран и планиран обид за убиство, и како што рече „немало да има ниту „Н“ од насилство ако некој не ги отворел челичните профили на вратите одвнатре, бидејќи тие врати се непробојни и не би можеле да бидат отворени дури и да немало ниту еден полицаец во близина“, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев по давањето исказ во ОЈО . Тој додаде дека остава на професионалците во Обвинителството да одлучат за каков вид на дело се работи.
Постојат докази, рече Заев, дека шестмина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се директно инволвирани во нападите – преку давање насоки на напаѓачите каде да се движат во собраниските простории, отворањето на вратите итн. Тој напомена дека надвор од здрав разум е дека маскирани лица со фантомки на главата учествуваат во спонатан напад.
OhridNews
Макфакс