Избори на 24-ти април нема да има, изјави денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев, посчувајќи дека најголемата опозциска партија е доволно силна да не биде само нем посматрач на еднострани одлуки на владеачките партии.
Заев смета дека треба да се престане со лицитација на терминот за избори и да и се овозможи на ДИК да направи реална проценка до кога ќе трае проверката на Избирачкиот список, чија главна цел е да се разделат граѓаните што гласаат дома од граѓаните што се во странство, како и да се избришат сите фантомски гласачи коишто ги има во списокот. Според него невозможно е во земја во која останеале милион и 600 илјади жители, да има милион, 811 илјади гласачи.
– Проверката на Избирачкиот список трае 85-90 дена. До 5 март, што претставува по закон 50 дена пред изборите, има 37 дена. Ако се стигне до 15 април плус 50 дена, 5 јуни може да биде проектиран датум за избори. Ако се стигне до 15 мај, 5 јули може да биде проектиран датум за избори, објаснува Заев.
Лидерот на опозицијата е уверен во изборна победа, бидејќи смета дека времето на Груевски е поминато.
-По изборите, новата влада предводена од СДСМ заедно со граѓаните ќе обезбеди стабилна, сигурна Македонија која ќе продолжи по патот на европските интеграции и ќе биде пример за успешно решавање на предизвиците коишто моментално се исправени пред нашата земја.-тврди Заев.
OhridNews
извор:Телма
ЕК: Партиите да се однесуваат конструктивно и да обезбедат веродостојни и демократски избори