Инсистираме Иванов да ја повлече апсурдната одлука, а и самиот тој веднаш да поднесе оставка, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по средбата со претседателите на Р.Словенија и на Р.Хрватска, Борут Пахор и Колинда Грабар-Китаровиќ, одржана вечерва во Скопје. Според Заев Иванов направил државен удар врз правниот поредок во Република Македонија.

-Ова не е само суспендирање на Договорот од Пржино, туку и погазување на Уставот и законите. Пред Уставот и законот сите мора да бидат еднакви и никој нема право да ги заштитува криминалците исплашени од Специјалното јавно обвинителство, како што тоа се обидува да го направи Иванов. СДСМ е цврсто решена да ги врати инстититуциите во владение на граѓаните, рече Заев.

Заев нагласи дека актуелната власт бега од фер избори, но дека во Македонија мора да се спроведат регуларни избори на коишто Македонија, преку слободно изразена волја на граѓаните, ќе добие нова, одговорна и легитимна власт.

-Секој друг развој на настаните од доследно спроведување на нотираните услови за спроведување фер, демократски и регуларни избори, ќе нанесе непоправливи штети врз државата и граѓаните, и за тоа целата вина е кај актуелната власт којашто свесно ја комплицира ситуацијата, додаде Заев.

OhridNews

Иванов прогласи прекин на сите судски постапки против политичарите во Македонија