Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денес, се појави на судското рочиште за случајот „Пуч“, во којшто е четвртообвинет за насилството спрема високи функционери на власта.По пет одложувања на процесот, поради негово неприсуство, Заев се појави во суд откако случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство, но судењето повторно се одложи бидејќи немаше обвинител од СЈО.Оттаму доставиле барање до судот да го одложи рочиштето за да ги разгледаат доказите. Судијката, Љубинка Башевска соопшти дека ќе мора да го одложи судењето и го презакажа за на 14 јануари.

Во меѓувреме соопштение испрати и Специјалното јавно обвинителство во кое потврдува дека бара одложување на судењето за да имаат време да ги разгледаат доказите.

„Денес е побарано одлагање на главната расправа по предметот познат во јавноста како „Пуч“, од причина што потребно е целосно да бидеме запознаени со содржината на доказите кои се доставени до Судот, а кои не се содржани во обвинителскиот предмет што ни беше доставен“, се вели во соопштението на Специјалното обвинителство.

По одлагањето на судењето Заев во изјава за медиумите го нарече овој случај монтиран и конструиран  и порача дека со СЈО ќе дојде и Вистината за Македонија.Тој бара предметот „Пуч“ да се отвори до крај и да се испрати порака до сите граѓани, дека правдата во Македонија е можна. Според него, веќе се докажало дека немало никакво насилство врз високи функционери на власта.

Заев во процесот „Пуч“ е четвртообвинет и се товари за насилство кон државни функционери. Во судскиот процес „Пуч“ обвинети се поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња Верушевска, Ѓорѓи Лазаревски вработен во МВР и Бранко Палифров, функционер од Општина Струмица.

По објавувањето на жбомбитеж од страна на опозицијата, прислушувани разговори на високи функционери, тие беа обвинети за „шпионажа“ и „насилство спрема државни функционери“.

OhridNews

извор Макфакс