Различно расположение во изборните штабови на најголемите политички партии по првиот круг од изборите за претседател на државата, во кој кандидатот на коалицијата предворена од ВМРО ДПМНЕ, Ѓорге Иванов има предност од над 100.000 гласови пред кандидатот на опозциската коалиција предводена од СДСМ, Стево Пендаровски

Лидерот на СДСМ Зоран Заев смета дека изборниот резултат не ја претставува волјата на народот, најавувајќи дека опозцијата нема да дозволи пораз на демократијата.

-Да не дозволиме режимот да триумфира. Ова е срам за оваа режимска власт и ја покажува нивната слабост. Во вториот круг ќе имаме сосем поразличен резултат. Нема да дозволиме демократијата да биде прегазена по којзнае кој пат, наша обврска е да се избориме за слободни и фер избори, волјата на народот мора да се почитува и тоа оваа власт мора да го разбере. Ова не е волјата на народот, борбата за слобода и демократија продолжува.- рече Заев.

Претседателот на владејачката ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски истакна дека разликата од 118.000 гласови меѓу Ѓорѓе Иванов и неговиот ривал Стево Пендаровски е недвосмислено изразена волја на граѓаните за тоа какви вредности поддржуваат.

-Според последните податоци, СДСМ го победивме во сите општини освен во Арачиново, Сарај, Чучер Сандево, Струмица, Карпош и Центар. Во сите преостанати општини нашиот кандидат има најголема поддршка., истакна Груевски.

Груевски најави дека во преостанатиот дел од изборната кампања ВМРО ДПМНЕ ќе продолжи да го претставува својот концепт пред граѓаните изразувајќи надеж дека на 27ми април партијата ќе ја добие поддршката и од се уште неопределените гласачи.

OhridNews