Владата ќе го донесе законот за јазиците пред локалните избори закажани за октомври, изјави премиерот Зоран Заев. Тој додаде дека законот за јазиците веќе се подготвува во Министерството за правда и многу бргу се очекува да биде доставен до Владата, од каде што потоа ќе се процесира до Венециската комисија и до Парламентот.

Заев рече дека собраниска седница може да има и пред добивањето на експертизата од Венецијанската комисија. „Ние може да го донесеме законот, а ако има некакви забелешки од Венецијанската комисија, да седнеме и да дополниме нешто ако се согласуваме со забелешките“, посочи Заев.

OhridNews
Макфакс