
Рече дека во моментов општинските организации одлучуваат и оти на 23 декември ќе ги исфрлат имињата на потенцијалните градоначалници од нивните редови.
Што се однесува на локaлните избори, Охрид – вели Заев , е добитната комбинација за СДСМ. Претседателот на најголемата опозициска партија, ги искометира и гласините кои се се’ поприсутни во јавност а се однесуваат на растурањето на владината коалција ВМРО ДПМНЕ –ДУИ.
“Свесни сме за состојбите што се случуваат во владината коалиција, имавме еден куп наметнати, усилени состојби кои што порано или подоцна ќе пукнат-вели Заев. “Видовме – додава тој, како во последниве 2 години функционира влада која најде коалиционен партнер кој нема авторитет кај албанскиот електорат“.
За социлајдемократите не ќе биде воопшто чудно ако Груевски, непоредно пред избори се сврти повторно кон партијата на Имер Селмани. Сепак Заев кажа дека во овој предизборен период општинските организации имаат апсолутно право да одлучуваат со кого ќе соработуваат . Тој потврди дека партијата и на централно ново е расположена предизборно да влезе во коалиција со секоја од албанските партии –ДУИ, ДПА, или Нова демократија, која ќе биде спремна заеднички да понуди решение на проблемите со кои се соочува Македонија.












