Лидеерот на СДСМ Зоран Заев во интервју за хрватски „Вечерњи лист“ вели дека тој ќе ја формира новата влада во Македонија.

На прашање на весникот дали е постигнат договор помеѓу политичките партии да го добиете мандатот за состав на новата Влада во Македонија?, Заев одговара дека тој ја има поддршката од 67 пратеници за да биде мандатар.

-Овие 67 пратеници претставуваат околу 700.000 граѓани на Македонија кои на кредибилни избори гласаа на 11 декември. Никој нема право да ја погази волјата на мнозинството граѓани изразена на демократски начин преку избори. Мора да се почитува мнозинската волја, тоа е порака и од домашната јавност и од меѓународната заедница. Никола Груевски имаше можност да формира Влада – не успеја. Не може затоа што Груевски не успеал да формира Влада, да нема нова Влада, кога на демократски, легитимен начин, познат за целиот демократски свет, е формирано новото парламентарно мнозинство, кое што е одраз на волјата на граѓаните изразена на избори. Тие со пенкало и глас се изјаснија за промена на режимската власт и живот и развој на демократска и европска Македонија! И тоа е патот на Македонија!

Тоа што Ѓорге Иванов одлучи да оди спротивно на волјата на граѓаните и да не ми го додели мандатот е неуставно и недозволиво. Тој излезе со двојни стандарди.
Кога му го додели мандатот на Никола Груевски, ниту бараше парламентарно мнизинство, ниту му пречеше што Груевски преговара со лидерот на ДУИ, Ахмети од позиција на потписник на заедничката изјава на албанските партии. Но, еден изговор му разбивме. За да ја разобличам лагата за некакви постапки спротивни на државните интереси на Македонија, јавно ја објавивив Програмата на новата реформска Влада на граѓаните на Македонија, којашто ги гарантира унитарноста и суверенитетот на државата, перспективите на Македонија во ЕУ и НАТО, владееењето на правото, економски развој и социјална кохезија. Тоа се клучните приоритети за сите граѓани на Македонија, независно од каква било различност. И вториот ќе му го разбиеме. Бидејки Иванов тврдеше дека уставно бил ограничен да ми го даде мандатот, за да му олесниме, како парламентарно мнозинство од 67 пратеници, поднесовме иницијатива за продолжување на конститутивната седница на Парламентот, на којашто очекувам во понеделник, да се избере претседател на Собранието на Р.Македонија. Тој ќе го извести Иванов дека е формирано парламентарното мнозинство и дека е должен веднаш да ми го даде мандатот.

ВМРО-ДПМНЕ се обиде да ги закочи парламентарните процедури, но повлековме уште еден чекор во интерес на декократскиот развој на Македонија. Иако тие го немаат парламентарното мнозинство, ние го имаме, одлучивме да го прифатиме нивното неразумно барање да го имаат челното место во Комисијата за избори и именувања. Со тоа отворивме пат за собраниската седница на којашто треба да биде избран новиот претседател. И јас очекувам дека нема го користам целиот уставен рок од 20 дена, туку дека многу побрзо ќе излезам со составот на новата реформска Влада. Македонија за брзо време ќе ја добие новата Влада. – вели Заев.

Запрашан дали стравува од немири поради заканите од граѓанската инизијатива ека насилно ќе влезе во Парламентот за да го спречи гласањето на новата Влада на чело со него, Заев вели дека мнозинството во парламентот внимателно ги води политичките процеси и дека никој нема право да ја спречи демокрратски изразената волја на мнозинството на граѓаните на избори.

OhridNews