Каскадерот Марк Статон кој скокна со падобран имитирајќи го имагинативниот таен британски агент Џејмс Бонд на свеченото отворање на летните Олимписки игри во Лондон минатата 2012 година, загинал во средата во Швајцарија летајќи во посебен костим со крилја – „wingsuit“, објави денеска швајцарската полиција.

Четириесет идвегодишниот Марк Статон во средата паднал на гребенот покрај Марињи, во близина на швајцарско-француската граница, во текот на wingsuit летање, екстремен спорт кој се состои во летање со посебен костум со крилја.

Некогашниот воен офицер беше дублер на Даниел Крејг во една од највпечатливте сцени од свеченото отворање на Олимписките игри во Лондон кога изведоа скок со падобран со  другиот професионален каскадер Гари Конери кој беше преправен во британската кралица Елизабета Втора. Конери во британскиот весник The Sun му оддаде почест на Марк Статон.

Швајцарската полиција соопшти дека 42-годишниот Британец загинал во текот на wingsuit летот во близина на Триенто во кантонот Вале ненаведувајќи го неговиот идентитет. Полицијата истакна дека мажот скокнал од хеликоптер на височина од 3.300 метри заедно со уште еден маж.

OhridNews
извор:„Макфакс“