Новинарот и сопственик на весникот Фокус, Никола Младенов, загина во сообраќајна несреќа што ноќта кон средата се случила во близина на скопското село Трубарево.
Информацијата за Макфакс е потврдена од редакцијата на Фокус.
Засега нема детали околу околностите во кои загина Младенов.
Никола Младенов е роден на 10 март 1964 година во Скопје. Кариерата ја почнува како млад актер, но кон средината на 80-тите почнува да работи како новинар во „Млад Борец“. Потоа го основа радиото Либертас, а во 1995 почнува со издавањето на неделниот весник Фокус. Брендот на Фокус, Младенов го градеше цели 20 години. Во 2011 година го основа и дневниот весник „Фокус“
извор:„Мaкафакс“/MИА