При изведување на градежни работи на објект, кој се наоѓа на улицата Кирил и Методиј, работникот Ф. Ј. роден 1952 година,  качувајќи се по скала, изгубил рамнотежа и паднал од висина од пет метри. Лицето починало на самото место. 

Како што информираат од СВР Охрид, од страна на нивна екипа извршен е увид на местото на несреќата, во присуство на медицинска екипа при Општата болница и дежурен истражен судија.

OhridNews