Во центарот на Белград утринава се случи несреќа во која животот го загуби едно лице. Како што јавуваат српските медиуми, настанот се случил на градилиште на местото на поранешната амбасада на САД, каде што се урна ѕид и затрупа еден работник, кој починал на самото место.

Претставник на компанијата што ја поседувала парцелата во Белград каде што се изведувале градежните активности изрази длабоко жалење за несреќниот настан што се случи утринава.

Од компанијата искажаа и сочувство до семејството на загинатиот работник.

„Заедно со надлежните органи работиме на утврдување на околностите што доведоа до оваа несреќа и поради тоа во овој момент не можеме да ви дадеме попрецизни информации. Ние ќе му бидеме на располагање на семејството за сè што е потребно во овој момент, а јавноста ќе добие подетаљни информации веднаш штом надлежните органи ќе ги утврдат причините“, најавија од компанијата.