Во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа во струшко, животот го загубил тракторист.

Неофицијално, од засега непознати причини дошло до судар помеѓу автомобил и трактор, при што со тешки повреди се здобил возачот на земјоделската машина. Тој итно бил хоспитализиран, и по укажаната првична помош бил упатен на скопските клиники, но на пат за таму починал.

СВР Охрид најави повеќе информации за несреќата во текот на денот.

OhridNews