Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 20 часот и 30 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на кичевскиот авто-мото сојуз.

60- годишен жител на селото Другово на лице место им подлегнал на повредите здобиени во сообраќајната незгода која се случила во моментот кога сега починатиот управувајќи велосипед, невнимателно од локалниот се вклучил и излегол на магистралниот пат Охрид-Кичево. Притоа, дошло до судир врз десната страна од велосипедот од патничко моторно возило марка „Пежо-206“со кичевски регистарски таблички, кое се движело по коловозот од Охрид кон Кичево.

На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на истражен судија и јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица во Кичево.

Во текот на денот, доктор на судска медицина врз телото на починатиот  ќе изврши обдукција.

OhridNews