Загинаа две лица на стадионот на кој ќе се отвори СП во Бразил
28.11.13 08:15
Двајца работници загинаа во инцидентот, кој се случи на стадионот од Сао Паоло, на кој ќе се играат натпреварите од Светското првенство следната година.
Кобен момент за работниците било откачување и паѓањето на кранот врз јужната трибина која била во завршна фаза. Тие починале на лице место, а само среќата била на страната од останатите работници кои во тој момент биле на фаталното место.
Почесното отворање на мундијалот во Бразил ќе биде на овој стадион, кој има капацитет од 65 000 гледачи, а за трагичниот настан се огласи првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер.
– Испраќаме искрено сочуство до фамилиите кои ги загубија своите блиски во трагичниот настан кој се случи во Бразил. Безбедноста на работниците е врвен приоритет на ФИФА. Ќе почекаме да се изврши комплетно испитување што навистина се случило и ќе излеземе со наш став околу безбедноста на работниците – рече Блатер.
Пред уривањето на јужната трибина стадионот бил скоро готов, само ситници го делеле од почнување да се средува теренот и околу стадионот.
Покрај премиерниот меч на стадинот во Сао Паоло ќе се одиграат уште четири натпревари вклучувајќи го и еден од полуфиналните дуели.
Поради временските услови одложен хуманитарно-меморијален планинарски марш „Трајан Целески – Тачо“ кој требаше да се одржи утре Организаторите најавуваат дека дополнително ќе биде соопштена датата ...
Во спортската сала „Билјанини Извори“ вечерва ќе се одиграат завршните натпревари од турнирот во футсал Ohrid FREED 2025, со кои ќе биде ставена точка на уште едно успешно издание исполнето со изво...
Ракометарите на Охрид во рамки на единаесеттото коло од Супер лигата во сабота, 8 ноември, ја пречекуваат екипата на Пролет Пролет е една искусна екипа која знаеше да не изненади во претодните годи...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.