Најдобриот фудбалер на планетава Лионел Меси во 84-та минута на носилки го напушти теренот на Ноу Камп откако заработи повреда на левата нога.


Лионел Меси беше во фокусот на денешниот натпревар бидејќи го брка рекордот на Герд Милер за голови постигнати во една календарска година. На чудото од дете му недостигаат еден погодок да го достигне односно два погодоци да го надмине рекордот на Германецот.

Дали Меси ќе биде оспособен да го брка рекордот на Милер од 85 голови во последните натпревари Барселона останува на лекарскиот тим од Ноу Камп.

Мх.П.