Клубот за подводни дејности Охрид од Охрид изминатиот викенд изврши подводно чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад кај Трпејца. Од езерските води извадена е поголема количина најразличен отпад, стари гуми, пластични и стаклени шишиња, шпорети бојлери, телевизори и покуќнина.
Во акцијата учествуваа дваесет нуркачи со логистичка подршка на околу триесеттина луѓе, членови и пријатели на Клубот за подводни дејности. Тие изразуваат загриженост за односот на луѓето кон Охридското Езеро кое и натаму се третира како депонија каде се фрла се и сешто.
Целата активност на членовите на Клубот за подводни дејности Охрид од Охрид во наредниот период ќе биде детално мапирање на целокупниот цврст отпад кој се наоѓа на дното на езерото и кој претставува еколошки проблем, документирање на истиот и чистење. – велат од клубот.
Проектот за чистење на Охридското Езеро од цврст отпад е финансиран од Општина Охрид.
Клубот за подводни дејности Охрид од Охрид постои 37 години и претставува пример за општествена одговорност и заштита на Охридското Езеро.
Г.М.
Видео и фото: Емил Јовановиќ „love & Life studio“
































