-Загубите на вода во Македонија сеуште се големи, но постои проблем што јавните претпријатија во земјата се речиси споени па така водата која се употребува за полевање јавни површини сеуште се смета за загубена вода, а тоа не е така. Затоа е потребно општините да изнаоѓаат начини со копање на бунари да обезбедат техничка вода за полевање или чистење на јавните површини, за да не се расфрла водата за пиење., истакна Сашо Лазаревски, заменик министер за локална самоуправа.
Според МЈП „Проаква“, загубите на вода во охридско струшкиот регион се големи, што се должи на застарениот цевковод, но проблеми се детектирани и во новоизградениот систем. Оттаму сметаат дека со добиената опрема ќе се подобри ефикасноста во работењето, односно ќе се овозможи брзо и прецизно лоцирање на дефектите, со што ќе се спречи непотребна загуба на водата за пиење.
Согласно планот за рамномерен развој на регионите во буџетот оваа година се предвидени 109 милиони денари, кои ќе бидат наменети за снабдување со детектори за откривање на загуби на вода за општините во сите 8 плански региони.