Граѓаните и туристите кои се заинтересирани за патување во Поградец со новоотворената бродска линија треба да се пријават кај превозниците еден ден пред поаѓање.

Како што веќе информиравме, во петок, 27ми јуни, бродот „Александрија“ ќе го реализира првиот комерцијален чартер на релација Охрид – Поградец. Заинтереираните треба задолжително да достават лични податоци, односно да се пријават кај одговорните во бродот „Александрија“, еден ден порано, односно во четврток претпладне.

Бродот „Александрија“ ќе отплови за Поградец во петок во 10 часот од градското пристаниште, а враќањето од Поградец е во 16 часот.

Цената на повратниот билет изнесува 600 денари.

Бродската линија Охрид – Поградец ќе биде чартер линија во текот на туристичката сезона.

OhridNews