Вчеравечер, околу 20 часот, на улицата „Абас Емин“, 41- годишно лице физички нападнал охриѓанец,  кој седел пред берберница со својата сопруга.

Пријавениот, без повод и причина почнал да му се заканува на охриѓанецот, по што физички го нападнал удирајќи го со тупаници по главата и телото, а потоа ја нападнал и неговата сопруга.

Во еден момент пријавениот отишол во возилото, од каде извадил пиштол непозната марка го репетирал и им се заканил, по што се оддалечил во непознат правец.

На нападнатото лице, кое се здобило со телесни повреди, му е укажана лекарска помош во охридската Општа болница.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

OhridNews