Вчера , околу 15 часот, на улицата „Абас Емин“ Д. И. (52) од Охрид, заедно со неговите синови Г.И. (27) и А.И. (29), сакал да разговара со М. К. (31) од Охрид, во врска со паричен долг. При тоа, М.К. од појасот извадил сигнален пиштол марка „Екол“кал.9 мм и го вперил кон Д.И. , упатувајќи му заканувачки зборови. Откако Д.И. со неговите синови се повлекол, М.К. си заминал дома.
Во врска со случајот во охридската полициска станица со истите е обавен разговор, а со потврда за привремено одземени предмети од М.К. е одземен сигналниот пиштол.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.












