За денес закажан е состанок на работната група составена од претставници на четирите најголеми партии во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА кои треба да почнат да се договараат околу деталите за спроведување на политичкиот договор од Пржино.

На состанокот на кој ќе се разгледуваат реформите во изборното законодавство треба да учествуваат и експерти на ОБСЕ.

Претставниците на политичките партии, членови на работната група, во понеделникот не се состанаа поради отсуство на некои од нив.

На средбата треба да расправа за прочистувањето на Избирачкиот список, за новиот состав на ДИК и за Изборниот законик.

OhridNews