Актуелниот конструкторски шампион во Формула 1, Ред Бул, најави дека својот болид за претстојната сезона ќе го презентира во јавноста на 3 февруари во Њујорк.

На 3. февруари би требало да биде нашето најголемо лансирање досега, во градот кој никогаш не спие, Њујорк, објави синоќа Ред Бул на својот Твитер профил.

Ред Бул лани доминантно ја освои титулата во конкуренција на конструктори, освојувајќи 205 бодови повеќе од Ферари на второто место.

Претсезонските тестирања на болидите се на програмата од 23 до 25 февруари во Бахреин.

Новата сезона почнува една недела по тестирањата, на истата патека Шакир.

OhridNews