Претседателот на советот на општина Дебрца за во петок, 28-ми јули, во 12 часот, го закажа продолжението на прекинатата седница на која се разговараше околу предложената депонија во близина на селото Годивје.
– Координативната седница ја свикувам со цел да изградиме и заземеме заеднички став околу студијата за регионална депонија на подрачјето на нашата општина. Да донесеме одлука дека не сакаме регионална депонија во Дебрца, стои во соопштението испратено од претседателот на советот, Даниел Огненоски.
Седницата започна вчера, но по расправата и меѓусебните обвинувања на советниците и дадената пауза, од страна на претседателот беше прекината.
OhridNews












