Министерството за внатрешни работи започна со закажувањето термини за аплицирање за биометриски лични документи и на мобилен телефон. 

Покрај онлајн закажувањето преку веб страната на МВР (хттп://термин.мвр.гов.мк/) и со телефонското закажување на бројот 0800 192 92, граѓаните ќе може да закажуваат термини и со јавување на мобилниот телефонски број 072929292. Обезбедени се 30 линии (оператори) кои ќе ги опслужуваат граѓаните и со тоа во голема мера ќе им се олесни побрзо да ги извадат своите лични документи, соопшти МВР.

OhridNews