Граѓаните ќе можат да дооформуваат градежна парцела согласно урбанистички план, преку оттуѓување на државното градежно земјиште, но само под услов ако сопственикот поседува повеќе од 30 проценти од градежната парцела, соопштуваат од Секторот за урбанизам, заштита на животната средина и комунален развој во Општина Охрид.

 Барањата за ова ги разгледува Министерството за транспорт и врски а како неопходна документација треба да се достават извод од детален урбанистички план, геодетски елаборат за нумерички податоци, имотни листови за сопственото градежно земјиште и за градежното земјиште во сопственост на Република Македонија, како и уверение за редослед на извршени промени во катастарската евиденција за  градежното земјиште за кое се бара дооформување.

Доставувачите на барањето мора да имаат и конкретен одговор дека за градежното земјиште за кое се заинтересирани не е покрената постапка за денационализација од страна на поранешни сопственици или нивни наследници до 31 декември 2007 година.
Оваа можност се дава согласно членот 14 од Законот за градежно земјиште.

Ohridnews