Претседателот Ѓорге Иванов го потпиша Законот за амнестијата и од денеска законот е објавен во службен весник.

Согласно тоа, од денеска тече рокот од пет дена за обвинетите во случувањата на 27 април во собранието, во кој тие може да поднесуваат барање за амнестија.

Според Законот секој обвинет треба да поднесе барање да биде амнестиран доколку смета дека ги исполнува пропишаните услови.

Во предметот, обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.