Надстандардни услуги, подобро болничко сместување и лекување во приватните здравствени установи или во странство- се очекува да донесе законот за доброволно дополнително осигурување. Како што потенцираат од министерството за здравство, цената и услугите во дополнителниот пакет ќе ги формираат осигурителните компании, а ќе може да ги користат само оние граѓани што се корисници на задолжителното осигурување.

Новиот закон за првпат ја отвора можноста осигурителните компании да им понудат на граѓаните пакет услуги во јавните и приватните установи, како и операции во странство кои Фондот не ги покрива. Постои можност да се добие и привилегија за подобро сместување, но нема да може да се бара здравствена услуга преку ред, нагласуваат од министерството за здравство.

OhridNews