
– Министерствата за култура и за животна средина и пратениците од ВМРО ДПМНЕ од Охрид интензивно работат на текстот на Предлог Законот за Охрид кој брзо ќе биде готов. Законот се подготвува по примерот на законите со кои под посебна заштита се ставени значајни историски градови во регионот како Дубровник, Љубљана и други, рече Николовски.
Тој информираше дека на законот интензивно работат стручни тимови од министартвата, по што тој ќе биде ставен на јавна расправа. Посебниот Закон за Охрид ќе се носи во три фази, а со него покрај градот ќе бидат опфатени и Охридското Езеро и неговиот слив.












