Министерствата за животна средина и просторно планирање и за култура преку заеднички работен тим влегуваат во итна процедура за подготовка на Закон за охридскиот регион како интегрално природно и културно наследство на светот.

” Влегуваме во најефектната фаза на заштитата на охридскиот регион и неговиот културен и природен благодет”, изјави државниот секретар за животна средина, Дејан Пановски. Според него, на овој начин поврзувајќи ги двата сегменти ќе се обезбеди и законска заштита и интегрално управување. На 30-ти овој месец работната група почнува со работа врз нацрт-законот кој се очекува, многу набрзо да влезе во процедура.